Струга цели три години чекаше на домашен триумф над Силекс, а попладнево не само што победи, туку и дефинитивно си го потврди третото место на табелата во Првата лига.
Стружани славеа со сигурни 2-0 во дуелот на поранешните шампиони на Македонија и сега имаат предност од 10 поени во однос на денешниот противник на четири кола до крајот на првенството.
Третото место на табелата е значајно бидејќи во случај тетовската Шкендија да го освои Купот на Македонија, тогаш токму третопласираната екипа ќе оди во квалификациите за Конференциската лига.
Струга до победата од 2-0 над Силекс дојде со головите на Маудо во 21-вата и на Малески во 57-мата минута.

