12.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

„Братско“ дерби во Белград, Барселона и Монако дома треба да бидат без грешка

Денеска се играат четири меча со кои треба да се комплетира 13-тото коло во кошаркарската Евролига. Дербито ќе биде во Белград, каде што Црвена ѕвезда е домаќин на Олимпијакос. Ова е пресметка на две „црвено-бели“ екипи чии навивачи се сметаат за „братски“.

Двете екипи имаат одличен биланс од осум победи и само четири порази. Црвена ѕвезда сезонава на свој терен има шест победи и само еден пораз, но интересно е дека улогата на мал фаворит е на страната на гостите од Грција.

Барселона, која сезонава игра променливо и е со седум победи и пет порази, вечерва треба да ја има најлесната задача затоа што на свој терен игра против последнопласираниот тим во лигата, АСВЕЛ од Вилербан. Очекуван „кец“ треба да има и на мечот во Милано, каде што италијанскиот тим е домаќин на Анадолу Ефес, кој е во играчка криза.

Макаби Тел Авив, кој како домаќин игра во салата „Александар Николиќ“ во Белград, го пречекува Милано. Макаби е само со три победи досега, што значи дека Милано треба да тргне храбро во обид да стигне до „двојка“.

Во понудата за денешните четири средби има и голем број кошаркари за играта „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести