Пред стартот на новото Светско првенство во Катар што ќе се игра во ноември и декември, време е за потсетување на вечната листа со најуспешни фудбалски репрезентации, рангирани во Топ-10.
Две од нив, Италија и Шведска нема да играат бидејќи беа елиминирани во бараж-системот, Аѕурите од Македонија, а Швеѓаните од Полска.
Број еден на вечната листа според најважните категории е Бразил. Кариоките имаат најмногу титули, пет, најмногу победи, вкупно 73, и најмногу бодови, точно 237 на досегашните Мундијали.
Втора е Германија со четири титули, 67 победи и 221 бод, а и Италија има еднаков број шампионски круни, но нема да има можност за петка бидејќи не се пласира.
Во топ-10 на вечната листа со најуспешни фудбалски нации на Светските првенства се и Аргентина, Франција, Англија, Шпанија, Холандија, Уругвај и Шведска.
Сите освен Холандија и Шведска барем еднаш биле светски прваци.