Бразил и без Нејмар е многу опасен – му даде седум гола на Хондурас

Бразил и без првата ѕвезда на селекцијата, Нејмар, покажува дека знае да биде ефикасен и да победува убедливо. Кариоките убедливо со 7-0 славеа против Хондурас во пријателски меч како подготовка пред стартот на Копа Америка. Бразил и на Копа Америка ќе биде без Нејмар, кој го повреди зглобот на десната нога и ќе паузира неколку месеци.

Гавриел Жезус ја отвори серијата погодоци, а во првиот дел погодија и Тијаго Силва и Кутињо. И во второто полувреме прв погоди Жезус, а потоа мрежата на Хондурас ја тресеа и Нерес, Фирмино и  Ричарлисон.

Венецуела неочекувано лесно и убедливо со 3:0 го победи САД, и тоа со погодоци во првото полувреме. Во останатите пријателски мечеви: Уганда – Туркменистан 0:0, ДР Конго – Буркина Фасо 0:0, Гана – Намбија 0:1, Камерун – Замбија 2:1. Јапонија – Салвадор 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести