Бразил ѝ пречи на Аргентина на патот до трето финале во низа на Копа Америка

Бразил – Аргентина (02:30 часот – полуфинале Копа Америка)

Овогодишното издание на Копа Америка ни донесе вистинско финале пред финалето. Бразил и Аргентина се во битка која ќе го одреди првиот финалист, а Кариоките во пресрет на овој дуел ја имаат фаворитската улога. И без Нејмар, Бразилците на моменти покажаа добра игра, иако беа цел на критичарите во текот на групната фаза. Досега се без пораз, а така планираат да остане и по мегадуелот проти Гаучосите.

Аргентина, пак, со многу мачење стигна до оваа фаза од натпреварувањето. Меси не е на посакувано ниво, но затоа младиот Лаутаро Мартинес се покажа како клучен играч кај селекторот Скалони. Тој е најефикасен играч на Аргентина на Копа Америка, така што Бразил ќе треба да мисли како да го спречи и него, а не само Меси. Целта на Аргентинците е да се пласираат во трето финале во низа, бидејќи претходните две во 2015 и 2016 година ги губеа од Чиле на пенали.

Во рамките на Копа Америка овие две селекции последен пат се сретнаа во 2007 година. Се играше финале, кое го доби Бразил со 3-0, а од тогаш сите наредни дуели се или во фазата на квалификациите за СП или пријателски. Составите на двата тима може да ги видите ТУКА.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.75)

 

Хаити – Мексико (04 часот – полуфинале Голд куп)

Мексиканците несомнено се апсолутни фаворити во дуелот против Хаити, кои, пак, за првпат во својата историја се пласираа во полуфиналето од Голд купот. Меѓутоа, Хаити како и Мексико, досега одиграа без грешка на шампионатот, ги добија трите меча во групната фаза и ја елиминираа Канада со 3-2. За Мексико, единствен кикс е четврт-финалниот дуел против Костарика, кој го добија на пенали, ако може да се нарече кикс.

Овие две селекции последен пат во Голд купот се сретнаа во 2009 година, а тогаш Мексико немаше милост и победи со 4-0 во четврт-финалето. Не би било изненадување ако се случи сличен исход и ноќеска.

Предлог тип: Т2 1+I & 1+II (2.04)

 

Мајами сити – Вилаџис (00:01 часот – УСЛ втора лига)

Селаните засега се неприкосновени во својата дивизија. Од 11 меча, добија седум, трипати ремизираа и претрпеа само еден пораз, кој се случи на стартот од шампионатот. Нивната серија од 10 меча без негативен исход треба да продолжи и по дуелот со Мајами. Екипата од Флорина никако да воспостави добар ритам, секој втор меч или го губи или успева да издвои само реми, така што не се гледа начин како ќе издвојат позитивен резултат против лидерот во Југоисточната дивизја.

Овие екипи се сретнаа и на почетокот од јуни, а Вилаџис триумфираше со 4-2, па нека има голови и во втората нивна пресметка за оваа сезона.

Предлог тип: 4-6 гола (2.45)

 

Њујорк метс – Њујорк јенкис (01:10 часот – МЛБ лига)

Иако градски ривали, Метс и Јенкис играат во различни конференции. Овие пополураните се најдобри во таканаречената Американска лига, додека Метс се ужасни во Националната лига и се при дното. Пред два дена Метс прекинаа низа од седум порази, Јенкис газат сè по ред, во последните 14 меча издвоија 13 победи.

Оваа сезона веќе се сретнаа двапати и поделија по еден триумф, но во оваа трета пресметка поголеми шанси за радост имаат Јенкис. Затоа типувајте дека Јенкис ќе бидат во предност и по првиот ининг.

Предлог тип: 2 прв ининг (2.70)

 

Чикаго вајт сокс – Детроит тајгерс (02:10 часот – МЛБ лига)

И двете екипи имаат негативен учинок во завршницата од регуларниот дел од сезоната, што значи дека имаат минимални шанси да се најдат во разигрувањата. Чикаго успева одвреме-навреме да нареди неколку победи, додека тимот од Детроит тамам излезе од очајната серија од осум порази, пак претрпе разочарување.

Сепак, иако е чудно, гостите се фаворити на хартија во пресрет на овој дуел, а воедно би се реванширале за претходните два порази во меѓусебните дуели во оваа сезона. Ретко се случува меч меѓу Чикаго и Детроит да биде ефикасен, па затоа логично би било да се типува на мал број поени.

Предлог тип: <8.50 (2.10)

 

- Оглас -

Најнови вести