Кој е посилен, Бразил или Аргентина? Ова се почетните состави и резервите

Дуелот меѓу Бразил и Аргентина, кој ќе го одлучи првиот финалист на Копа Америка, со нетрпение го чекаат сите љубители на фудбалот, а селекторите речиси и да немаат со што да ги изненадат противниците и веќе најавија со кои состави ќе го почнат мечот кој се игра во 2.30 часот по полноќ во Бело Хоризонте.

Бразилскиот селектор Тите има само една дилема, дали на левата бековска позиција да почне Филипе Луис или Алекс Сандро. Сигурни стартери се: Алисон, Даниел Алвес, Маркињос, Тијаго Силва, Каземиро, Артур, Кутињо, Евертон, Габриел Жезус и Фирмино.

На клупата се: Едерсон, Касио, Фагнер, Милитао, Миранда, Алан, Пакета, Вилијан, Давид Нерес и Ришарлисон. Поради повреда, Фернандињо не е во опција за настап.

Лионел Скалони, кој е селектор на Гаучосите, нема дилеми. Тој ќе стартува со: Армани, Фојт, Пецела, Отаменди, Талјафико, Паредес, Де Паул, Акуња, Меси, Агуеро, Лаутаро Мартинес.

Шанса од клупата ќе чекаат: Мусо, Маркесин, Мори, Саравија, Каско, Гвидо Родригес, Писаро, Переира, Ло Селсо, Ди Марија, Дибала и Суарес.

- Оглас -

Најнови вести