Бразил планира во формација со четворица голгетери да ја нападне Србија

Петкратниот светски првак Бразил стартот на новиот Мундијал ќе го има вечерва, и тоа против Србија. Бразил е единствената репрезентација која учествувала на сите Светски првенства досега и е рекордер во многу параметри на планетарните собири.

Кариоките имаат многу атрактивен состав, па на селекторот Тите ќе му биде тешко да одлучи кои се вистинските 11 за стартниот меч во обидот да стигне до првата победа во Катар. Некои најави се дека Тите планира да изненади и да игра во помалку неверојатна формација од 4-2-4, односно да има дури четворица напаѓачи во стартниот тим.

Во еден таков план, составот на Бразил се најавува дека ќе биде: Алисон, Данило, Маркињос, Тијаго Силва, Алекс Сандро, Касемиро, Лукас Пакета, Рафиња, Нејмар, Винисиус Јуниор и Ришарлисон.

Овој состав би бил и доколку формацијата сепак остане на 4-3-3, а најголема дилема на Тите била дали Пакета или Фред да бидат меѓу стартерите.

Србија во стартниот тим би била со двајца докажани напаѓачи како Митровиќ и Влаховиќ.

- Оглас -

Најнови вести