Бразилец се почеша додека свиреше химната на Кина и доби казна (Видео)

Фудбалерот на кинескиот Шандонг Луненг, Диего Тардели, заработи необична суспензија и парична казна од тамошната фудбалска федерација. Бразилецот е казнет поради непочитување на кинеската химна.

Единствената причина поради која Тардели е казнет е тоа што додека свиреше химната, тој со раката се почеша за лицето. За Кинезите тоа е големо непочитување, па затоа решија да го казнат Бразилецот со еден меч суспензија и парична казна од 5.000 евра.

„Однесувањето на Тардели е непримерно. Додека свиреше националната химна, тој не се однесуваше како што треба“, стои во објаснувањето од кинеската федерација.

Нареден пат кога ќе биде пуштена химната, Тардели сигурно ќе стои мирно.

 

- Оглас -

Најнови вести