Бразилците се плашат од Србите: Тие имаат напад кој е во подобра форма од нашиот

Полека, но сигурно Светското првенство сè повеќе станува актуелна тема со неговото приближување. Катар кон крајот на оваа година ќе ги собере најдобрите светски репрезентации во првото зимско Светско првенство.

Една од најинтересните средби во групната фаза ќе биде таа меѓу Бразил и Србија, а медиумите од најфудбалската земја на светот се плашат од страшниот српски напад.

„Србија во Александар Митровиќ и Душан Влаховиќ ги има најдобрите напаѓачи коишто се доминантни во Англија и Италија, а тоа значи дека се и во самиот фудбалски врв.

Треба да бидеме реални и да кажеме дека тие во моментов имаат подобар напад од нашиот, но добрата работа е тоа што нападот не е цел тим, а на останатите позиции се далеку под нашите квалитети“, изјави Жунињо Паулиста, генералниот координатор на бразилската фудбалска репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести