Брентфорд си ги гази шампионите, по двата Манчестери падна и Ливерпул (Видео)

Брентфорд ниже успеси против англиските гиганти сезонава и реди победи против повеќекратните шампиони, а вечерва на својот стадион во Лондон го изненадија и Ливерпул.

Популарните Пчели победија со 3:1 во интересен меч со уште 3 поништени погодоци, два за нив и еден за Ливерпул.

Од тие што важат постигнаа три, гостите само еден, па бодовите останаа во Лондон.

Иако играа без својот најдобар стрелец Иван Тони, домаќините водеа со 2:0 по првиот дел, во кој постигнаа уште два погодоци кои беа поништени поради офсајд.

Во второто полувреме Ливерпул напаѓаше урагански и постигна гол на стартот преку Дарвин Нуњес, но беше поништен.

Сепак офанзивата даде резултат и Окслејд-Чембрлен во 50. минута намали на 2:1.

Голот на гостите можете да го погледнете ОВДЕ.

Гостите не успеаа докрај да ја искористат доминацијата на теренот, а казни Мбуемо со гол за победа на Брентфорд во 84. минута.

Голот на Мбуемо можете да го погледнете ОВДЕ.

Брентфорд сезонава ги победи и Манчестер јунајтед, Манчестер сити, сега и Ливерпул, а ремизираше со Челзи и Тотенхем, кои се дел од најтрофејните екипи во Премиер лигата.

Со оваа победа стасаа со седмото место со 26 бода, а пред нив е Ливерпул со 28 бода.

- Оглас -

Најнови вести