Опасни Пчели го сардисаа Ливерпул и му дадоа четири гола во првото полувреме, два од нив се важат (Видео)

Брентфорд одигра перфектно прво полувреме и води со 2:0 против Ливерпул, со уште два поништени гола на меч на кој популарните Пчели играат без својот најдобар стрелец Иван Тони.

Ибрахима Конате си ја погоди сопствената мрежа во 19. минута што најави лошо прво полувреме за Ливерпул, иако гостите имаа голема предност во поседот на топката.

Автоголот на Конате можете да го погледнете ОВДЕ.

Веднаш потоа во 27. минута Виса даде гол за домаќините, но му беше поништен поради офсајд.

Во финишот на полувремето имаше големи возбудувања и две топки зад грбот на Алисон Бекер.

Во 40. минута Бен Ми постигна гол за Брентфорд, но и тој погодок беше поништен поради офсајд, а само 120 секунди подоцна Виса погоди од регуларна позиција за предност на домашниот тим од 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести