Бреша доцна се разбуди, Интер е нов лидер во Серија А (Видео)

Интер успеа да ја победи Бреша на гостински терен со 2:1 и моментно е лидер на табелата во Серија А со 25 бода.

Лаутаро Мартинес и Ромелу Лукаку беа прецизни за гостите во 23-тата и во 63-тата минута, но не беше лесно за Интер вечерва на „Марио Ригамонти“.

И двата гола беа одлични, а особено се истакна белгискиот репрезентативец со прекрасен и прецизен удар од 20-тина метри.

https://twitter.com/FootbaII_HQ/status/1189293105473900549?s=20

Бреша одигра солиден меч, му пружи добар отпор на фаворитот, а со автоголот на Шкрињар во 76-тата минута се закани со изненадување.

До крајот имаше доста тензии и една голема шанса за домаќините, но сепак Интер беше подобар и успеа да ги освои бодовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести