Британците се во проблеми, вака во моментов изгледа стадионот на којшто е планирано да се игра ЕП (Фото)

Легендарниот „Кејсмент парк“ во Белфаст треба да биде еден од домаќините на Европското првенство во 2028 година, кое ќе го организираат Велика Британија и Ирска. Планот е континенталниот собир за четири години да се одржи на десет стадиони во Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска, кои се дел од Обединетото Кралство, но и во Ирска.

Сепак, лесно може да се случи Северна Ирска да не биде домаќин на шампионатот бидејќи споменатиот стадион е запуштен уште од 2013 година, а изградбата на новиот воопшто не е ни започната. Планирано е на овој стадион да се одиграат три натпревари, кои во случај да не се изгради новиот „Кејсмент парк“, ќе бидат распоредени на останатите стадиони и нема да се бара нов домаќин, односно првенството би се играло во девет града.

Кај политичарите во Северна Ирска веќе постои одбивност за изградбата на овој стадион бидејќи сметаат дека и по Европското првенство, тој би останал празен и во тој случај бадијала би се потрошиле милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести