Бројки од кои боли глава – Колку ќе загуби Серија А ако нема фудбал во Италија?

Клубовите од Серија А веќе се во загуба од 200 милиони евра поради застојот на сезоната и паузата од речиси два месеци без фудбал во Италија, а ако натпреварите не се доиграат, тогаш бројките вртоглаво ќе растат.

„Ако не продолжиме, ќе имаме катастрофални загуби од околу 800 милиони евра вкупно од март наваму. Досега зијанот е околу 200 милиони евра, а само Саусоло како клуб има минус од 10 до 12 милиони евра. Многу клубови ќе бидат на работ на егзистенција ако не ја доиграме сезоната, а можно е и да има тужби за суд од одредени компании кои имаат договори со клубовите или со лигата“, вели Џовани Карневали, еден од водечките луѓе во Сасуоло.

Тој вели дека е добро што клубовите почнаа со тренинзи, а се надева дека ќе се прегрмат сите искушенија и проблеми и дека повторно ќе се игра фудбал на Чизмата за да се заврши сезоната 2019/20.

„Има надеж, но и мора да бидеме многу внимателни. Треба да се почитуваат максимално препораките и не смееме со ништо да го загрозиме процесот на враќање на фудбалските натпревари. Се надевам дека ќе преовладее разумот и дека безбедно ќе ја доиграме сезоната“, додава Карневали.

На 12 кола до крајот во најквалитетната фудбалска лига во Италија, Саусоло е на 11-тото место со 32 бода, 7 повеќе од Лече и Џенова, 14 од СПАЛ и 16 од Бреша, квартет екипи кои се најзагрозени во битката за опстанок ако Серија А се доигра.

- Оглас -

Најнови вести