Бројките не лажат: Лампард е најлош тренер во ерата на Абрамович во Челзи

Френк Лампард е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Челзи, но кога се работи за тренерската работа, ситуацијата е многу поинаква. Како прилично млад и неискусен тренер, Лампард доби шанса да седне на клупата на Челзи и да биде кормилар на тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Сепак, Лампард е далеку од добар како тренер, а статистиката покажува дека легендарниот фудбалер е очаен како стратег. Со просек од 1,67 бодови на 55 меча, Лампард е најслабиот тренер во Челзи, откако во клубот е дојден Роман Абрамович. Последниот неуспех Челзи го имаше вечерва, кога на свој терен загуби во дербито од Манчестер сити.

Досега овој неславен рекорд беше во сопственост на Андре Вилјаш Боаш со просек од 1,70 поени на меч, но сега Лампард е под овој просек на Португалецот. На првото место според просекот на освоени бодови е Аврам Грант кој беше предводник само 32 меча, но имаше одличен просек од 2,31 освоени бодови во првенството како тренер на Челзи.

Зад Грант е Жозе Мурињо кој го водеше клубот на 212 натпревари, а во просек освојуваше 2,19 поени на средба. Следат Карло Анчелоти и Антонио Конте со просек од нешто повеќе од два бода на меч, а тука се и Рафаел Бенитес и Луис Фелипе Сколари.

Маурисио Сари, Роберто Ди Матео и Клаудио Раниери се со нешто подобар просек од Вилјаш-Боаш, а сега „фенерот“ е за Лампард.

- Оглас -

Најнови вести