Брозовиќ си направи договор на кариерата, за шест милиони евра годишно останува во Интер

Марсело Брозовиќ ќе биде член на Интер до јуни 2025 година и успеа да си издејствува договор на кариерата, што предвидува годишна плата од шест милиони евра.

Според најавите од Италија, договорот меѓу Хрватот и Интер ќе биде потпишан во јануари, а Марсело ќе биде вториот најплатен хрватски фудбалер во моментов, зад Лука Модриќ, кој има годишна плата од 9,5 милиони евра во Реал Мадрид.

Вчера беше објавено дека Интер и Федерико Димарко веќе се договориле за продолжување на соработката до 2026 година, па сега и договорот со Брозовиќ ќе значи дека шампионот се обидува да си го сочува играчкиот кадар во обидот да ја одбрани титулата.

Моментно во Серија А е пауза, а Интер е лидер пред продолжението на првенството на почетокот на јануари. Нераѕурите имаат 46 бода по 19 кола, четири повеќе од Милан, 7 од Наполи, а следуваат Аталанта со 38 и Јувентус со 34 во кругот кандидати за Скудетото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести