Бруклин го комплетира мозаикот со поранешна олстар-ѕвезда

Бруклин нетс го комплетира мозаикот со ангажманот на Блејк Грифин, кој прифати минимален ветерански договор до крајот на актуелната сезона.

Некогашната ѕвезда на ЛА клиперс и шесткратен олстар им се приклучи на Дурант, Ирвинг и Харден во редовите на Мрежичките, по што екипата доби на квалитет под обрачите.

Грифин до неодамна играше за Детроит пистонс, но одлучи предвреме да ја раскине соработката со цел да се пресели во Бруклин. Таму го чека поранешниот соиграч од Клиперс, Деандре Џордан, кому Грифин очекувано ќе му биде замена на позицијата центар.

- Оглас -

Најнови вести