-0.2 C
Skopje
петок, 12 декември 2025

Бруно Фернандеш денеска ќе го одигра 300-тиот меч за Манчестер јунајтед

Капитенот на Манчестер јунајтед, португалскиот играч за врска Бруно Фернандеш, денеска против Брајтон ќе го има својот 300-ти настап на официјални мечеви во дресот на Црвените ѓаволи.

Бруно кој има 31 година, дојде во Јунајтед во јануари 2020 од Спортинг Лисабон, и за овие пет години и девет месеци, дојде до бројка од дури 300 меча за клубот, а има пропуштено само 17, од кои само три беа поради повреда или болест. Учинокот на досегашните 299 меча му е 100 гола и 87 асистенции.

Португалецот истакна дека нема намера да разгледува понуди пред Светското првенство во 2026. Својата верност кон Манчестер ја покажа летоска кога одби супер богата понуда од Ал-Хилал од Саудиска Арабија, му нудеа месечна плата од 3,2 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести