11.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Бруно за победата на Манчестер јунајтед: Навивачите на Ливерпул ни помогнаа!

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, изјави дека големата победа на Црвените ѓаволи над Ливерпул на „Енфилд“, нивна прва од јануари 2016 година, била олеснета од тензијата и фрустрацијата на домашната публика во првото полувреме.

Португалскиот играч за врска верува дека навивачите на Црвените имале негативно влијание врз нивните играчи во почетните фази од дербито.

„Знаевме во првите десет минути дека Ливерпул ќе се обиде да започне агресивно и да изврши притисок. Но, постепено почувствувавме дека кога ја имаа топката, публиката почна да создава притисок врз нив поттикнувајќи ги да играат побрзо. Ова ни помогна бидејќи сакавме да го забавиме нивното темпо. Кога го направивме тоа, се отворија простори во средниот ред, што можевме да ги искористиме. Во второто полувреме ја контролиравме топката повеќе и имавме поголема самодоверба“, анализира Бруно, за кого овие победи многу значат за навивачите и за клубот како целина.

- Оглас -

Најнови вести