Брунсон не сопира во походот, му донесе нова победа на Њујорк никс (Видео)

Кошаркарите на Њујорк славеа против Индијана со 130:121 и стигнаа до 2:0 во победи, во полуфиналната серија од Западната конференција во НБА-плејофот. Како и на претходните мечеви, предводник на Њујорк беше Џејлен Брансон, кој постигна 29 поени, а одличен во победничкиот тим беше и Ануноби Дивиченко со 28 поени. Џош Харт ги одигра сите 48 минути и на крајот заврши со дабл-дабл од 19 поени и 15 скока.

Кај Индијана најпрецизен беше Тајрис Халибартон, кој доби и повик за настап во репрезентацијата на САД. Халибартон заврши со 34 поени и девет асистенции. Резервата Оби Топин за 20 минути поминати на теренот постигна 20 поени.

Сега серијата се сели во Индијанаполис, каде што Индијана ќе се обиде да се врати во игра во трката за конференциско финале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести