Баерн Минхен веќе може да слави пласман во четвртфиналето од Лига на шампиони откако со неверојанти 6:1 победи на гостувањето во Бергамо против Аталанта, во првиот меч од осминафиналето. По три гола даде Баерн во двете полувремиња, а шоуто го започна Станишиќ во 12 минута. Потоа следуваа головите на Олисе и Гнабри за 3:0 за гостите на полувреме.
Во вториот дел, Џексон зголеми на 4:0, потоа повторно Олисе даде гол за 5:0, а точка на баварското шоу во Итлаија стави Мусијала со погодокот во 67 минтуа за 6:0. Баварскиот гигант потоа го намали темпото затоа што јасно беше дека веќе може да размислуваа за четвртфиналето во елитното натпреварување на УЕФА, а Аталанта даде почесен погодок.
Убедлива победа забележа и Атлетико Мадрид пред своите навивачи против Тотенхем со 5:2. Неверојатно делуваше фактот дека Атлетико по само 22 минути водеше со 4:0, а првиот голман на гостите беше заменет по само 16 минути игра поради очајните интервенции.
Тотенхем намали на 4:1 до крајот на првото полувреме, а во вториот дел двата тима постигнаа по еден погодок за конечни 5:2.
Њукасл одигра херојски, но на крајот одигра само 1:1 против фаворизираната Барселона. Во 86 минута голема радост за домашните навивачи на „Сент Џејмс парк“ кога домаќините направија одлична акција, а Барнс погоди за 1:0 и голема радост на домашните фанови. Голот на Барнс може да го видите ТУКА.
Барселона буквално го имаше последниот напад кога беше направен фаул за пенал, а Ламин Јамал постигна гол од белата точка за 1:1.
Утре се играат останатите четири осминафинални пресметки во ЛШ.


