Брутален фаул на кошаркарски меч во Босна и Херцеговина (Видео)

На натпреварот помеѓу Искра Бугојно и Промо Доњи Вакуф од А1 лигата на Босна и Херцеговина се случи еден груб фаул каков што може да се види во хокеј на мраз или во американскиот фудбал. Невидената бруталност мина без посериозни последици, иако играчот врз кого беше правена личната грешка, Дино Алкиќ, не можеше да го доигра мечот.

Ова беше интересен меч, локално дерби кое им припадна на гостите од Доњи Вакуф, и тоа со тројка на Махир Ферхатбеговиќ во последната секунда. Но, наместо ударна вест да биде тројката, средбата ја одбележа фаулот на најстариот играч во А1 лигата, Мурис Беќировиќ. Тој со телото и лактот го удри залетаниот Алкиќ и го „залепи“ за конструкцијата на кошот. Сунѓерот го ублажи ударот, па Алкиќ избегна потешка повреда, но беше принуден да го заврши мечот.

Погледнете го фаулот по кој на ветеранот Беќировиќ му беше покажан патот кон соблекувалната:

- Оглас -

Најнови вести