Брзо лета времето – Поминаа две децении од европската круна на Кометал ЃП (ВИДЕО)

Брзо лета времето, фраза која ја слушаме навистина често, но навистина тоа е така, а доказ за тоа е и фактот дека поминаа 20 години од титулата на Кометал Ѓорче Петров во ракометната Лига на шампиони.

По поразот од првата средба против Херц од 27:25, нашиот тогашен најдобар женски ракометен колектив под „Кале“ во една неверојатна атмосфера славеше со 26:22.

Тие беа предводени од тренерот Александар Панов, а во тимот имаше ракометни легенди како: Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Олга Бујанова, Луминица Дину, Наталија Малахова, Андријана Будимир, Лариса Киселова, Анжела Платон, Милева Велкова, Мирјана Чупиќ, Оксана Плошчинска, Ана Андрјушенко, Ирина Калиниченко и Елена Златановска.

Погледнете како изгледаше радоста на денешен ден, пред 20 години.

 

 

- Оглас -

Најнови вести