Македонската машка ракометна репрезентација ја совлада Саудиска Арабија со 23-11 и ќе игра во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет кое се игра во Скопје.

Во полуфиналето, ривал на избраниците на селекторот Горан Кузманоски ќе биде Србија.
Нашите момци против Саудијците веднаш најавија дека се решени да победат, поведоа со 4-0 и во ниту еден момент не го испуштија водството, оправдувајќи ја фаворитската улога. По првите 25 минути колку што се игра едно полувреме, беше 10-6 за Црвено-жолтите.

Оваа предност постепено од минута во минута се зголемуваше во второто полувреме, отидовме и на плус 10 гола разлика, што значеше сигурна победа и полуфинале и за момчињата исто како и кај девојките.
Најефикасни во македонскиот тим беа Бобан Поповски со 7 и Трајче Костов со 5 голови, додека Тома Симоновски даде 3.


