Компани за мега-пресвртот на Баерн: Сè е до менталитетот и квалитетот!

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, по импресивниот камбек на неговиот тим против Мајнц кога иако губеа со 3-0 на полувремето, се вратија и на крај победија со 4-3, рече дека две работи биле клучни.

„Што тргна наопаку во првото полувреме? Сè. Иако првите 20 минути пред голот на Мајнц не беа толку лоши. Имавме многу посед на топката, но не можевме да влеземе во нивниот шеснаесетник. Потоа примивме три гола и изгледаше дека можат да постигнат четири или пет. Немаше многу анализи на полувремето. Сè е околу квалитетот и менталитетот. Играчите ја прифатија борбата и го оставија настрана секој страв од повреда што можеби ги спречи. Прославуваа како да е плејоф и ми се допаѓа тоа“, рече белгискиот стручњак.

- Оглас -

Најнови вести