На денешниот маратон во Лондон, испишана е историја, се поместија границите на човечките можности.
Кениецот Себастијан Саве постави нов светски рекорд од 1 час, 59 минути и 30 секунди (го подобри светскиот рекорд за 65 секунди), со што стана првиот човек во историјата кој маратонска трка од 42,195 километри истрчал за помалку од магичната граница од 2 часа.

Само 11 секунди подоцна, низ целта помина Јомифа Кеџелче од Етиопија, па и тој испиша историја како втор што успеал да истрча маратон за помалку од два часа.
Легендарниот Елиуд Кипчоге беше единствениот човек кој знаеше како е да се трча под два часа (тој го направи тоа во Виена во 2019 година со време 1:59:49, но тоа не беше ратификувано од Светската атлетска федерација поради помошта која ја имаше од останатите маратонци кои го штитеа од ветер наредени како буквата В на латиница пред него, а и хидратацијата, со вода и енергетски гелови, му била доставувана директно од велосипедите, така што не морал сам да заобиколува за да ги собере тие залихи). На целта немало претставници на Светската антидопинг агенција (WADA), што е исто така од суштинско значење за валидација на светски рекорд.

