Брзо се покајаа: Премиерлигашите ќе го враќаат стариот преоден рок

Од оваа сезона премиерлигашките клубови имаа можност да се пазарат за фудбалери само до почетокот на првенството. Ова правило беше воведено по иницијатива на самите клубови, но, сега раководствата сакаат да го вратат стариот формат на преодниот рок, односно да можат да купуваат засилувања до 31-ви август.

Англиските медиуми известуваат дека клубовите не видоа никакви придонеси со новото правило, па сега ќе се обидат да го вратат претходното решение. Кон крајот на овој месец ќе биде одржан состанок, на кој ќе биде потребно еден клуб да предолжи да се врати стариот термин, додека 14 клубови ќе треба да го поддржат овој предлог. Доколку овие услови се исполнат, управата на Премиер лигата ќе нема друг избор освен да го отстрани новото правило.

 

- Оглас -

Најнови вести