Брзо заврши забавата во Интер, кинескиот газда бара две плати да му останат гратис

Кинескиот сопственик на Интер, Стивен Жанг, побарал од играчите на новиот италијански шампион да се откажат од двете последни плати.

Како што објави „Скај спорт“, Жанг им го соопштил барањето на новите шампиони денеска, но и предизвикал бес и кај фудбалерите и кај тренерот Антонио Конте.

Фудбалерите на Интер на крајот се согласиле со барањето на Жанг, но побарале Конте да остане тренер на клубот по подвигот и освоената титула во Италија по 9-годишната апсолутна доминација на Јувентус.

Стивен Жанг е сопственик на „Сунинг“, компанија која беше главна и во кинескиот клуб Џијангсу, шампион во 2020 година што згасна во февруари годинава.

Причината за бришењето на Џијангсу сунинг од фудбалската мапа беше големата криза на компанијата што раководи и со Интер.

- Оглас -

Најнови вести