Будимир ја разбуди Осасуна – Победа против Гранада по 13 меча без триумф (Видео)

Анте Будимир конечно ја разбуди Осасуна, екипа која победи во Ла Лига по 13 меча без успех и ги освои бодовите со триумф против Гранада.

Хрватскиот репрезентативец постигна два гола во првото полувреме доволно за успех, прв на Осасуна од октомври лани кога го победија Атлетик Билбао.

Osasuna 1-0 Granada – Ante Budimir 27′ from soccer

Голот на Луис Суарес Шарис во второто полувреме за гостите од Гранада не беше доволен барем за еден бод, а победата на домашната екипа ја потврди Монкајола со погодок за 3:1 во финишот на мечот.

Осасуна успеа да се искачи за една позиција над опасната зона за испаѓање со 19 бодови, а Гранада остана на 7. место со 28 бодови.

- Оглас -

Најнови вести