Буфон повторно бранеше за Парма по пауза од 7.339 дена!

Прославениот италијански голман Џанлуџи Буфон повторно го облече дресот на Парма. Поминаа долги 20 години од последниот пат кога Буфон бранеше за Парма, а потоа реши да си замине. Сега, точно по 7.339 дена, Џиџи застана на голот на тимот во кој ја започна кариерата.

Буфон, кој сега има 43 години, за Парма дебитираше во 1995 година на 17-годишна возраст. Во 2001 година реши да направи трансфер во Јувентус, каде што одигра 19 сезони, додека една година ја помина во дресот на Пари Сен Жермен. Во кариерата ги освои сите најзначајни трофеи, освен тој во Лигата на шампиони.

Синоќа на пријателскиот меч меѓу Парма и Бохум, Буфон бранеше во првото полувреме и не прими гол. Во вториот дел беа направени многу замени, а Бохум даде гол за победа од 1:0.

Минатата сезона Парма испадна од Серија А и сега главна задача на Буфон и соиграчите ќе биде брзо враќање на клубот во елитната италијанска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести