Буфон засега не се прослави во јубилејниот 650-ти настап во Калчото

Џанлуиџи Буфон е во стартните 11 на Андреа Пирло во вечерашното гостување на Јувентус кај Кротоне. Ветеранот меѓу диреците го одблежи јубилејниот 650-ти настап во Серија А, воедно му е прв настап во 24-тата професиолна кариера како голман. Сепак, искусниот Џиџи не одговори на предизвикот на го одбрани пеналот преку кој Кротоне поведе со 1-0 во 12-тата минута.

Буфон уште лани го урна рекордот на Паоло Малдини за најмногу настапи во Калчото, сега има три меча повеќе од иконата на Милан. Откако дебитираше за Парма против Росонерите на 17 ноември 1995 година, Буфон бранеше во 649 лигашки средби во кои 296 пати ја сочува мрежата.

Ако се земат во предвид рекордните 178 настапи за селекцијата на Италија, како и тоа дека една сезона бранеше за ПСЖ, Буфон вкупно брои 917 настапи во пребогатата кариера.

- Оглас -

Најнови вести