Бугарија ја тресат скандали пред мечот со Македонија – Има сомнение за наместен меч меѓу ЦСКА и Левски, демантот е легендарен: Со што ќе ме купат, со гол задник?

Бугарија ја тресат скандали во клупскиот фудбал пред премиерниот меч во Лигата на Нации против Македонија, а по хаосот на дуелот меѓу Царско село и Локомотив Софија, сега има нов, со сериозни соменија дека финалето на купот меѓу вечните ривали ЦСКА и Левски е наместен.

Се шпекулира дека ЦСКА му пуштила на Левски да победи, што и се случи пред десттина дена, а сините од Софија славеа со 1:0 и го освоија пехарот.

Контроверзниот Гриша Ганчев, кој е еден од тројцата главни акционери во ЦСКА со Јулијан Инџов и Христо Стоичков одговори на обвиненијата на легендарен начин.

„Со што ќе ме купи Наско Сираков? Со голиот задник можеби. Ги знам луѓето што шпекулираат дека сум го продал мечот во финалето. Намерно сакаат да ми наштетат“, изјави Ганчев.

Претходно имаше вистински калабалак на мечот меѓу Царско село и Локомотив Софија, кога сосптвеникот на Царско село, Стојне Манолев се симна од трибини на терен за да одлучи кој ќе шутира пенал во 93. минута.

Циркусот траеше долго, а Кавдански промаши и Царско село испадна, па потоа Манолев одлучи да го згасне клубот кој веќе не постои.

Македонија ќе и гостува на Бугарија во Разград, а мечот ќе се игра на 2. јуни од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести