Бугарска работа – Се испотепаа за пенал и промашија, па клубот згасна и веќе не постои (Видео)

Хаосот што му се случуваше на бугарскиот прволигаш Царско село на крајот има неочекуван епилог и клубот згасна и веќе не постои.

Во последното коло им беше потребна победа против Локомотив Софија за да се спасат од испаѓање и имаа зицер ситуација, откако во 93. минута им беше досуден пенал за триумф.

Но, тогаш почна циркусот, а за гуша се фатија напаѓачот Јафа и капитенот Кавдански, кој да го изведе пеналот.

Од трибините на терен се симна и сопственикот Стојне Манолов, кој одлучи Кавдански да го шутира пеналот, а Јафа незадоволен излезе од терен.

И калабалакот продолжи, откако капитенот промаши удар од белата точка, а Гамбиецот Јафа му се потсмеваше.

Тоа го разбесни сопственикот на клубот кој го нападна Јафа, но камерите биле исклучени и не е познато дали дошло до поголема физичка пресметка.

По целиот циркус Манолов одлучил да го згасне клубот кој веќе не постои.

- Оглас -

Најнови вести