Бугарите се закон за фудбалски прекари – Ги имаат Кривиот, Сувиот и Жедниот

Александар Александров е Кривиот, а прекарот на бугарскиот фудбалер му е даден затоа што шутирал често во крив правец.

Бугарите се закон за фудбалски прекари, имаа дузина смешни „надимаци“, а меѓу нив се и Сувиот и Жедниот, како асоцијација на двајца играчи кои биле мераклии на пиењето.

Антони Здравков веројатно бил во фаза на откажување, па затоа го носи прекарот Сувиот, а Николај Митов не бил до толку карактер, си сакал да пивне некоја чашка повеќе, па прекарот му е Жедниот.

Има уште многу смешни од типот Периката, со алузија на ќелавоста, потоа и Јајцето, што асоцира на обликот на главата на фудбалерот, Гонзо поради голем нос, а неизоставен дел од колоритот е и прекарот на легендата Христо Стоичков. Во Бугарија најчесто го „викаат“ Гулабот.

Објаснувањето е дека прекарот му е поради неговата страшна левица со која ги кинеше мрежите, како гулаб во лет. Тука и Камата, бидејќи ги „сечеше“ ривалите.

- Оглас -

Најнови вести