Буквално неверојатно: како ли успеа од 10 сантиметри да не постигне гол? (Видео)

Во српската Суперлига, на меч помеѓу Пролетер и Нови Пазар, вечерва се случи утката на сезоната. Дефанзивецот Ѓорѓе Башановиќ не успеа да ја смести топката во мрежа, иако кога таа го погоди, беше на само десетина сантиметри од гол -линијата.

Беше полесно да се даде гол отколку да се утне, но Башановиќ ја имаше несреќата да биде творец на неверојатната утка, и тоа во момент кога можеше да изедначи на 2-2. Подоцна Пролетер сепак израмни и мечот заврши нерешено, но средбата ќе се памети по промашувањето на Башановиќ.

Погледнете ја една од најголемите утки кои се видени во последно време:

https://www.youtube.com/watch?v=S3_eE8avy3E

- Оглас -

Најнови вести