Бундеслигашот ќе менува тренер: Освои европски трофеј, а сега ќе си бара нов клуб

Ајнтрахт Франкфурт официјално објави дека на крајот од сезоната ќе се раздели со Оливер Гласнер, тренерот кој им го донесе единствениот европски трофеј во историјата.

Гласнер минатата сезона го презеде Ајнрахт и направи голем успех со освојувањето на Лигата на Европа, но оваа сезона клубот се уште нема обезбедено пласман во европските купови, но стигна во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Австриецот претходно ги водеше Рид, ЛАСК и Волфсбург.

- Оглас -

Најнови вести