Бундеслигата има нов проблем и можно е повторно да се одложи мечот меѓу Шалке 04 и Херта, кој еднаш веќе беше пролонигран поради ковид-19, а е закажан за денеска од 18 часот.
Сега проблеми со корона-вирус има во таборот на Шалке 04. Тројца фудбалери имаат позитивен тест на ковид-19, а уште четворица се изолирани од тимот и сите заедно веќе заминаа во карантини, па неизвесно е одигрувањето на натпреварот.
Претходно играчи на Херта беа заразени со ковид-19 и сите фудбалери мораа во самоизолација, по што им беа одложени три натпревари, меѓу нив и дуелот со Шалке 04.
Конечно требаше да се игра денеска од 18 часот на „Велтинс арената“ во Гелзенкирхен, но сега станува неизвесно дали ќе мора да се бара и трет термин за истиот натпревар.
Херта се бори за опстанок и Германците сакаат заостанатиот меч да се одигра заради регуларност на првенството и сите екипи да ги почнат последните две кола без заостанати натпревари.
Шалке 04 веќе е испаднат, па можно е вечерва од 18 часот составот да биде дополнет со младинци само мечот да се одигра.