Бурата „Дара“ го одложи дербито меѓу Евертон и Ливерпул

Дербито меѓу Евертoн и Ливерпул од 15-тото коло во Премиер лигата е одложено. Причината за одложувањето е бурата наречена „Дара“, која го загрозува овој дел од Велика Британија.


Мечот ќе биде преместен за друг термин и најверојатно ќе се одигра во јануари, но сè уште нема официјална потврда за тоа.

Заради истата бура, сите натпревари во Велс беа одложени, а не се знае дали и други натпревари во Премиер лигата ќе добијат дозвола за одигрување. Засега, нема информации за такви промени, барем не за саботниот ден.


Одлуката за одложување на натпреварот меѓу Евертон и Ливерпул беше донесена од страна на властите, кои издадоа „црвено предупредување“.

- Оглас -

Најнови вести