8.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Чаби Алонсо има само уште една шанса да се спаси од отказ

Раководството на Реал Мадрид донесе итна одлука за Чаби Алонсо. Шпанскиот тренер ќе добие последна шанса, но доколку Кралевите не го победат Манчестер сити во Лигата на шампионите, тој ќе биде отпуштен. Ова го тврди влијателниот спортски весник „Марка“, кој има одлични релации со Кралскиот клуб.

Во меѓувреме, Реал Мадрид веќе разгледува двајца главни кандидати за негов наследник, Јирген Клоп и Зинедин Зидан, кои се на врвот на листата на потенцијални нови тренери.

Деталите сè уште не се откриваат, бидејќи вниманието во овој момент е насочено кон натпреварот во ЛШ и судбината на Чаби Алонсо на тренерската позиција.

Трето име кое е во игра за тренер на Реал Мадрид е Алваро Арбелоа.

- Оглас -

Најнови вести