Чаби Алонсо ќе го „украде“ веќе договореното засилување на Барса и ќе го донесе во Реал

Чаби Алонсо, кој речиси сигурно ќе ја преземе клупата на Реал Мадрид на крајот од сезоната, веќе има јасна желба за прво засилување. Тоа е Џонатан Тах. Германскиот стопер, кој беше еден од клучните играчи во историскиот подвиг на Баер Леверкузен со освоената двојна круна, сега е цел на шпанскиот стратег.

Иако според медиумите беше речиси сигурно дека Тах по истекот на договорот со Баер Леверкузен ќе потпише со Барселона, ситуацијата сега драматично се менува. Според „Мундо Депортиво“, Чаби Алонсо, кој има одличен однос со Тах и на теренот и надвор од него, сака да го донесе токму во Мадрид како прво засилување во новата ера на Кралевите.

Дополнително, се шпекулира дека Реал е подготвен да му понуди и поголема плата од онаа што ја нуди Барселона, како и стабилност во проектот што ќе го предводи Чаби Алонсо.

Потегот на Чаби Алонсо би можел веднаш да го разгори ривалството меѓу Реал и Барса, дури и пред да го официјализира своето доаѓање во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести