Чаби Алонсo објави дека заминува: Им благодарам на сите, од играчите до неверојатните навивачи

Чаби Алонсо официјално потврди дека ќе го напушти Баер Леверкузен на крајот на сезоната, со што ги потврди гласините дека ќе стане нов тренер на Реал Мадрид. На денешната прес-конференција пред дербито против Борусија Дортмунд, Алонсо изјави:

„Се договоривме со клубот, овие два натпревари ќе бидат мои последни како тренер на Леверкузен.“

Шпанецот не заборави да се заблагодари на сите во клубот.

„Им должам огромна благодарност на Баер Леверкузен, на играчите, мојот стручен штаб, вработените и – последно, но не и најмалку важно – на неверојатните навивачи“, истакна Чаби Алонсо.

Клубот и официјално го потврди заминувањето. Извршниот директор Фернандо Каро изјави дека под водство на Алонсо, клубот стекна трајно признание во светскиот фудбал, а подвизите како титулата во Бундеслигата, Купот на Германија, финалето во Лига Европа и освоениот Суперкуп се нешта за голема гордост.

Алонсо, кој пристигна во октомври 2022, го водеше Баер Леверкузен до историски двоен успех, и покрај поразот во финалето на Лига Европа од Аталанта (0-3), остави голем белег во клубот.

Неговото заминување најавува нова ера во Реал Мадрид, каде ќе го наследи Карло Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести