Чачо го намести нишанот, ЦСКА ја „скрши“ Басконија

ЦСКА Москва тргна со сигурна победа во разигрувањата во Евролигата откако на домашен терен убедливо славеше против Басконија со 94:68. „Армејците“ не само што ја искористија предноста на домаќин, туку и ја потврдија фаворитската улога против шпанскиот состав.

Расположениот Серхио „Чачо“ Родригес ги предводеше домаќините, до средина од третиот период беше перфектен од линијата за три поени (5/5), додека целиот тим на ЦСКА погоди вкупно 13 тројки од 23 обиди. По „благата“ предност (44:40) во првите два периода, кошаркарите на Итудис го појачаа ритамот и во третата делница ги решија сите дилеми, освојувајќи ја со високи 29-12.

Покрај Родригес, за победата придонесе и Де Коло со 11 поени, додека еден поен повеќе од него постигна Хигинс. Кај гостите како најефикасен играч се истакна Шилдс со 17 поени.

ЦСКА и вториот меч го игра во Москва, за два дена повторно ќе бидат домаќини на Басконија, средбата е закажана во 19 часот.

- Оглас -

Најнови вести