Чачо Родригес три години во Милано

Серхио Родригес официјално е нов играч на Олимпија Милано откако потпиша тригодишен договор со Манекените. Траењето на договорот беше клучна причина што популарниот Чачо се одлучи да го облече дресот на италијанскиот претставник во Евролигата, иако имаше понуди и од други европски гиганти.

Родригес засега претставува најголемо засилување за Милано, а голема улога за ангажманот одигра и упорноста на тренерот Еторе Месина, кој смета дека Чачо ќе има голем придонес во остварување на клупските цели.

Искусниот Шпанец доаѓа како европски првак откако минатата сезона со тимот на ЦСКА Москва се искачи на континенталниот кошаркарски трон. Во шампионската сезона Родригес бележеше просек од 10,2 поени и 4,5 асистенции по натпревар и се покажа како витална фигура кај стратегот Итудис.

Родригес можеше да остане во ЦСКА, но клубот одлучи да не ја активира клаузулата во договорот и да го носи дресот на Армејците уште една сезона, па затоа неговата авантура продолжува во Италија, откако претходно играше во родната Шпанија, САД и Русија.

- Оглас -

Најнови вести