Чаирчанец ја чекаше лудата победа на Јуве и со три одиграни пара си заработи 107.198 денари (ФОТО)

Чаирчани се мајстори за обложување и тука нема никакви дилеми, а доказ за тоа е добитниот тикет којшто беше уплатен во објектот Слога на Sport Life, односно кај самиот стадион.

Со три натпревари и уплата од 300 денари, мајсторот за обложување си заработи 107.198 илјади денари, со што на фантастичен начин му започна новата година.

ДЕРБИЈАТА ЗНААТ ДА ДОНЕСАТ ГОЛЕМА РАДОСТ

Трите натпревари со кои мајсторот си освои 107 илјади денари беа вчерашнте дерби-средби од Серија А и Ла Лига.

Вилјареал и Атлетико Мадрид одиграа навистина луд натпревар, кој заврши 2:2, каде што видовме гол од половина терен, промашен пенал и неколку интервенции на ВАР, а добитниот погодок го постигна Џефри Кондогбија во 67-мата минута, а играта барана на тикетот беше да видиме четири погодоци, за што имаше квота од 3.85

Сепак, највозбудливо беше на средбата меѓу Рома и Јуве, каде што се чекаше гостинска победа и Гол-гол во прво полувреме, за што имаше квота од 13.75.

Во првото полувреме резултатот беше 1:1, а домаќинот набрзина поведе и со 3:1. Но, со головите на Пелегрини (70′), Кулушевски (73′) и Де Шилјо (77′), Јуве направи целосен пресврт.

Тој потоа беше „одбранет“ од страна на Шченсни, кој успеа да фати пенал во последните мигови.

Слична беше играта и на Интер Лацио, каде што се бараше домашна победа и исто така двата тима да дадат по еден гол во првото полувреме. Коефициентот за оваа игра исто така беше одличен и изнесуваше 6.75.

СИСТЕМСКА ДВОЈНА ШАНСА И ГГ

Мајстор од Прилеп покажа како со уплатени 22 денари, може да се заработи над 107 илјади денари. Тој одигра систем со шест натпревари во „столбот“, додека во долниот дел бараше најмалку пет погодени од седум средби, а на крајот тој успеа да погоди шест.

Навистина имаше неколку натпревари во кои гол дадоа во последните минути. Баер Леверкузен со голот на Џонатан Тах израмни на 2:2 во 84-тата минута против Унион Берлин, а се бараше домашниот тим да не биде непоразен.

Нема потреба да се говори за пресвртот на Борусија Дортмунд, која до 70-тата минута губеше со 2:0 против Ајнтрахт Франкфурт, а на крајот победи со 3:2.

Нешто слично се случуваше на средбата меѓу Гранада и Барселона, кога домаќините преку Пуертас израмнија на 1:1 во 89-тата минута.

КИЧЕВЧАНЕЦ СО АТРАКТИВНА ИГРА ДО УБАВА ДОБИВКА

И во Кичево ќе има големи причини за радост бидејќи играч со уплатени 200 денари, доби 118.551 илјади денари играјќи пет натпревари каде што бараше од еден до два погодоци на сите средби.

Интересно е што сите средби се решија претежно рано и без некакви поголеми драми, а на тикетот ги имаше и двете дербија меѓу Вилјареал и Атлетико Мадрид, како и Интер со Лацио, кои се покажаа навистина добитни и кај неколку други тикети.

„ДОКТОРСКИ“ НБА-ТИКЕТ ЗА ДОБИВКА ОД 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Струмичанец се покажа дека е мајстор за НБА и со четири одиграни натпревари, си заработи 69.660 илјади денари.

На сите четири средби се бараше победа, како и тоа да видиме поголем број поени во првите полувремиња од дадените граници.

Лос Анџелес лејкерс триумфираа над Атланта, а во првиот дел беа постигнати 125 поени, со што беше фатена квотата од 3.55.

Идентично беше и на средбата меѓу Денвер нагетс и Сакраменто, каде што, пак, се бараше да видиме домашна победа и најмалку 114 коша во првиот дел.

На другите две средби, меѓу Оклахома и Минесота и Хјустон и Далас, се бараше гостински триумф, којшто на крајот дојде заедно со повеќето поени во првиот дел и донесе голема радост.

- Оглас -

Најнови вести