Чалханоглу ја фати Волчицата на спиење, постигна гол директно од корнер (Видео)

Турскиот репрезентативец, Хакан Чалханоглу на мајсторски начин му донесе предност на Интер од 1:0 на дербито против Рома, а во 15. минута погоди директно од корнер.

Римската волчица заспа за момент, а Чалханоглу на мудар начин обезбеди предност за италијанскиот првак.

https://twitter.com/birdiefootball/status/1467181695292129280?s=20

За Чалханоглу ова е петти гол за Интер сезонава, а тој е трет стрелец на тимот зад Лаутаро Мартинес и Един Џеко со по 8 погодоци.

Токму Џеко го постигна вториот гол за Интер на дербито, а во 24. минута му асистираше Чалханоглу за убава предност на гостите.

 

- Оглас -

Најнови вести