Чалханоглу сака да се врати во Турција, пред потпис е со Галатасарај

Tурскиот интернационалец Хакан Чалханоглу летово сака да го промени клубот и својата иднина ја гледа во Галатасарај. Според турските медиуми, Чалханоглу веќе го информирал Интер за својата желба да замине. Сепак, има актуелен договор до 2027 година.

„Се приклучив на клубот бесплатно пред четири години и дадов сè од себе. Сега сакам да ја продолжам кариерата во Галатасарај и барам разбирање. Дозволете ми да одам дома“, биле неговите зборови упатени до раководството на Интер, пренесува турскиот „Сабах“.

Иако Интер немаше намера да го пушти играчот лесно, бидејќи е дел од плановите до 2027 година, најновите сигнали упатуваат дека разделбата може да биде неизбежна.

Ова лето Интер веќе го потпиша хрватскиот младински репрезентативец Петар Сучиќ како централен играч во средината на теренот, а исто така испрати понуда за Николa Ровела од Лацио, но римјаните не се спремни да го пуштат без да им се исплати откупната клаузула од 50 милиони евра.

Во моментот Чалханоглу е повреден и не настапува на Светското клупско првенство во САД.

- Оглас -

Најнови вести