Чаневски бранеше ѕверски за Пелистер, Граѓан го награди со ефектен еврогол (Видео)

Градимир Чаневски бранеше фантастично за Еурофарм Пелистер против Металопластика и со 14 успешни интервенции беше еден од најзаслужните за победата на битолчани од 34:27 на мечот од СЕХА лигата во Шабац.

Голманот на Пелистер имаше неколку ефектни одбрани во ситуација еден на еден и ги откажа домаќините од намерата да приредат изненадување против гостите од Битола.

https://twitter.com/SEHALeague/status/1372618350770196482?s=20

Одличните одбрани на Чаневски ги наградија неговите соиграчи со одлична партија ракомет, а особено ефикасен беше пикерот Емил Граѓан.

И тој имаше неколку ефектни голови, а посебно добар беше погодокот во 50. минута, потег што може да конкурира за нај-гол во колото во Регионалната лига.

https://twitter.com/SEHALeague/status/1372622737357860868?s=20

Со три победи и еден пораз Еурофарм Пелистер е на второто место на табелата во А групата, зад лидерот ППД Загреб со максимален учинок од три победи.

- Оглас -

Најнови вести