Часови ја делат Фиорентина од супер засилување

Италијанските медиуми најавија дека Франк Рибери е потенцијано засилување на Фиорентина, а францускиот ас сè уште размислува каде да ја продолжи кариерата.

Преговорите се интензивираат, Фиорентина не крие дека би бил вистински потег ако едно од најдобрите крила на сите времиња прифати да го носи дресот со виолетови бои, а Рибери побара уште некој час за да донесе конечна одлука.

Добро за Фиорентина е што Рибери е слободен играч. Откако му заврши договорот со Баерн Минхен, и за него не треба да се плаќа отштета.

Ветеранот има 36 години и досега нема играно во Серија А. Во богата кариера настапуваше во Франција и како интернационалец во Галатасарај, Марсеј и Баерн Минхен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести