Чави Ернандес е еден од главните фаворити, според британските медиуми и обложувалниците, да стане нов менаџер на Тотенхем ова лето. Поранешниот тренер на Барселона се спомeнува како главен кандидат да го замени Ангелос Постекоглу, чија иднина е апсолутно неизвесна поради слабите резултати на тимот во Премиер лигата, и покрај тоа што се на чекор до финалето во Лигата на Европа.
На второ место на оваа листа се наоѓа Маурисио Покетино, кој веќе еднаш го водеше Тотенхем од 2014 до 2019 година, а потоа беше на клупата на ПСЖ и на Челзи. Сега е селектор на репрезентацијата на САД.
Трет фаворит, според обложувалниците, е Томас Франк, кој моментално е менаџер на Брентфорд.
Ангелос Постекоглу го презеде Тотенхем во јули 2023 година, но клубот моментно се наоѓа на разочарувачкото 16-то место во Премиер лигата.