Чави откри кој фудбалер на Наполи би го сакал во Барса, не е ни Осимен, ни Кварацхелија

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес утрешниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи го најавува како најважен меч годинава за Барса, а откри и дека би сакал да го види Станислав Лоботка од Наполи да игра за неговиот тим.

„Нема фаворити, шансите за место во четвртфиналето е 50-50. Ќе ни треба поддршка од публиката, и мора да го покажеме нашиот идентитет и карактер. Имаме повредени играчи, нема да играат Де Јонг, Педри, Гави, Балде и Торес, но четири години не сме играле четвртфинале во ЛШ, сега ни е шансата“, вели Чави.

Чави ги пофали офанзивците Политано, Кварацхелија и Осимен, но од тимот на Наполи, во Барса би го донел Лоботка.

„Ми се допаѓа Лоботка, тој е добар во градењето на акции и не ја губи топката. Би сакал да го видам во клуб како Барса. Тој ја прави разликата во Наполи“, додава Чави, на кого утрешниот меч може да му биде последен на клупата на Барса, доколку бидат елиминирани од италијанскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести